(ВИДЕО) Колинда ги поздрави Русите на руски јазик
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2018
Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ утрово се качи на авион за Русија, каде ќе го гледа финалето на Светското првенство меѓу Хрватска и Франција.
Таа на Фејсбук објави видео од авионот на кое зборува на руски и им се заблагодарува на домаќините на Мундијалот.
„Во име на хрватските навивачи ѝ се заблагодарувам на Русија на срдечното гостопримство. Бевте прекрасни домаќини. Вечерва навивајте за Хрватска. И да се радуваме заедно. Благодариме, Русијо! Доаѓаме!“- напиша претседателката на Фејсбук.
Грабар Китаровиќ истакна денес дека во Москва ќе има официјална средба со рускиот претседател Владимир Путин, а со францускиот претседател Емануел Макрон, нормално, ќе се види на стадионот, но веројатно и пред почетокот на натпреварот иако, како што кажа, веќе разговарале во Брисел.