(ВИДЕО) КРИТИЧНО ВО ЈУЖНА СРБИЈА: Луѓето се евакуирани, цело село е под вода

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2021
Регионот се бори со поплави, а едно српско село е под вода.
Најкритична е состојбата кај Бела Паланка, каде едно село е под вода. Влада Племиќ од Секторот за вонредни состојби изјави дека врнежи од дожд повеќе нема и дека реките на југот на земјата полека се враќаат во своите корита. Сепак, тој додава дека 10.680 домаќинства се без електрична енергија. Вонредна состојба е воведена во неколку општини. Евакуирани се 67 луѓе од поплавените згради. Поради обилните врнежи од дожд, поројните и проблемите со водоснабдувањето, беше прогласена вонредна состојба во градовите Ниш и Лесковац. На 8 и 9 месецов имаше обилни врнежи, но и снег на планините и тоа доведе до поплави.
Во регионот, поплави има во Албанија и Косово.
И во Македонија повеќе реки се излејаа од своите корита, при што има поплавени ниви и фарми.
Можеби ќе ве интересира
Србија ќе подели 150.000 празни селски куќи на млади брачни двојки

Американците не сакаат да слушнат за Голема Албанија или Голема Србија

ОД ДЕНЕСКА НЕМА ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН - српската Влада ги повикува граѓаните прво да се регистрираат

Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница
