(ВИДЕО) КРВАВ ДЕН ВО ИРАК: На насилните демонстрации има жртви
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2019
Насилни протести има во Ирак, при што најмалку четворица се мртви, а над 60 се повредени.
Судирите во Багдад се меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили.
Демонстрантите протестираат против корупцијата, малите можности за вработување и лошите јавни услуги вклучувајќи ги и прекините на електрична енергија.
Тие ги повикаа граѓаните да се вратат на улиците во голем број.
Неименувани официјални лица изјавија дека судирите избувнале во близина на Централниот плоштад Тахрир, каде што протестите се одржуваат веќе неколку недели, пренесува агенцијата АП.
Протестите се одржуваат главно во Багдад и во претежно шиитските јужни провинции.
Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници се повредени во немирите од 1 октомври наваму.