(ВИДЕО) КРВАВИ ГЛАВИ И СОЛЗИ: Ветераните во Сараево се судрија со полицајците
Објавено во: Балкан 05 Септември, 2018
Стотици воени ветерани го блокираа денеска главниот пат на БиХ, Сараево, по што имаше судир со полицијата.
Ветераните се поделени во три групи. Едната е во близина на зградата на парламентот на Федерацијата на БиХ, другата кај мостот на Чобанија, а третата група, со која полицијата дојде во конфликт, моментно се движи по главната улица од Градското собрание кон Скендерија.
Наводно, 30 ветерани се повредени.
Денес истече рокот што ветераните им го дадоа на властите, а тоа е да закажат итна седница на двата дома на Парламентот на ФБиХ, на која ќе се дискутира само за една точка на дневен ред – усогласување на измените на Законот за демобилизирани борци и членовите на нивното семејство. Луѓето кои протестираат велат дека политика не ги интересира, туку загрижени се затоа што 20 години се гладни.
Protest demobilisanih boraca ABiH i HVO! @N1infoSA pic.twitter.com/0NfGFbqrCr
— Александра Тољ (@aleksandratolj1) September 5, 2018