(ВИДЕО) ЛАВИНА УБИ ВОЈНИК: Канонада од камења повреди повеќе луѓе
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018
Војник во Јапонија загина при ерупција на вулкан на популарно јапонско скијачко одморалиште.
Уште десетина други се повредени во лавината што го отсече ски центарот, северозападно од главниот град Токио.
Канонада од камења ја засипале патеката во ски центарот кога се активирал вулканот на планината Кусацуширане. Меѓу скијачите кои биле засипани со камења имaло и шестмина членови на спасувачките тимови од кои едниот бил повреден и во болница им подлегнал на повредите. Најмалку уште 12 скијачи се повредени од лавината или од камењата од кои петмина сериозно. Меѓу повредените има и со посекотини од стакло од ски лифтот со кој патувале кон терените кога бил погоден од камењатa. Над 100 скијачи биле веднаш евакуирани од ски центарот. Агенцијата за катастрофи на Јапонија наведува дека камењата летале на далечина од дури километар и пол од вулканот.
Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди луѓето да не се качуваат на планината, бидејќи има опасност од нови ерупции.