(ВИДЕО) ЛЕТАА ЛИМЕНИ ПОКРИВИ: Силно невреме во Србија
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2020
Силно невреме имаше во Србија.
На удар беше градот Крушевац.
Силниот ветер однесе лимени кровови од неколку објекти, а водата влегла во трафостаницата недалеку од „Трајала“, по што фабриката останала без електрична енергија.
Поплавени се домаќинства во Дедиње, објави Одделението за вонредни ситуации. Ноќеска за време на невремето кровот од основното училиште „Вук Караџиќ“ одлетал и отштетил објекти оддалечени од него 100 метри.
На територијата на Крушевац изминативе 24 часа наврнале повеќе од 73 литри дожд на метар квадратен.
Во текот на јуни месец годинава поплави имаше во неколку српски општини каде беше прогласена вонредна состојба.