(ВИДЕО) Летот на ужасот: Вистинска драма во авионот на релација Приштина –Базел
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2019
Силни
турбуленции, вриштење кај патниците, страв, багажот паѓа врз патниците, повредени,
се само дел од случувањата за време на летот Приштина – Базел.
На неколку минути пред слетувањето авионот наишол на турбуленции, толку силни што започнал да паѓа багажот на патниците.
Како што пишуваат медиумите околу десет лица се здобиле со тешки повреди и тие се пренесени во болницата во Базел веднаш по слетувањето.Еден очевидец рекол дека патниците стравувале за својот живот.
На видеото можете да видите колку многу авионот се треси. А стјуардерот кој ги снабдува патниците со пијалоци падна.
Друг патник кој бил сведок на хорор летот напишал на Фејсбук „Работите летаа околу и ремени се кинеа. Луѓето беа повредени и делумно крвавеа“.
Видео TURKISH SKY NEWS