(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ГО ТОВАРАТ МЕБЕЛОТ: Најмалку 200 куќи се уништени на Канарските острови
Објавено во: Свет 22 Септември, 2021
Во градот Тодоке, жителите ги товараат своите облека, мебел, велосипеди, душеци во камиони.
Ерупцијата на вулканот на островот Ла Палма на шпанските Канарски острови и дополнителните појави би можеле да траат до 84 дена, оценија денес експертите.
Досега, најмалку 200 куќи се целосно уништени, а многу се сериозно оштетени. Водачот на регионалната влада, Ангел Виктор Торес, проценува дека штетата, вклучително и уништените плантажи и инфраструктура, „сигурно е поголема од 400 милиони евра“.