(ВИДЕО) МАЈКА КОЈА ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ: Возеше 100 на час, а детето беше на кровот од автомобилот
Објавено во: Свет 08 Март, 2019
Возела 100 км на час со 4-годишниот син на покривот на возилото цели 18 минути. Оваа мајка ги запрепасти сите.
Таа остана без возачката дозвола откако ова се случи. Возачката дозвола ѝ е одземена за 3 месеци и таа ќе мора да плати парична казна од 1.200 австралиски долари, односно околу 642 евра. Шокираните возачи се обиделе да ѝ сигнализираат со светла и сирени дека на кровот има дете, но Ерика Шадфорт продолжила цели 18 минути да вози и тврдела дека не е свесна дека детето е горе.
Во еден момент сведокот рекол дека момчето за малку ќе паднело од автомобилот.
Потоа таа го запрела автомобилот и го ставила детето внатре, а во автомобилот биле и двете нејзини деца.
Мајката се појавила пред судот во Перт, Австралија и тврдела дека не била свесна дека момчето се качило на кровот.