28 Март, 2024
0.0276

(ВИДЕО) Македонски концепт: Синхронизација, а не лицитација на економски мерки

Објавено во: Македонија 29 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Сите анализи и информации од стопанството, говорат за фактот дека ситуацијата со економската криза во земјава е тешка, но исто така решлива. Македонската економија функционира во перманентна криза, повеќе од 30 години, како од внатрешни, така и поради надворешни фактори. Во целиот тој период, стекнато е доволно искуство и знаење како до излез од економската криза!

Тргнуваќи од тоа претходно искуство и знаење, апелираме на смиреност и водржаност. Неаргументирани критики, лажни вести и меѓусебни обвинувања, воопшто нема да помогнат, ниту на државата, ниту на оние политички субјекти кои се служат со такви методи. Сега се потребни експертиза и конкретни решенија. Македонски концепт си зема обврска да работи само на конкретни решенија, кои доаѓаат од експертизата за економија и јавни финансии на граѓански активисти.

Во услови на целосна безидејност и беспредметна лицитација на економски мерки од страна на политичките субјекти, Македонски концепт посветено работеше и детектираше три фактори, кои влијаат на промените на економската состојба, а тоа се:

- пандемијата;

- членството во НАТО;

- почеток на пристапни преговори со ЕУ.

Почетно е потребно:

- синхронизирање на економските и фискални мерки, во однос на трите причинители на економско дисбалансирање;

- мобилизација на сите научни, образовни и искуствени капацитети, кои во краток период ќе понудат решение и излез од кризата.

Во текот на утрешниот ден, започнуваме со конкретни активности во таа насока, за што јавноста ќе биде детално запознаена.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант