(ВИДЕО) Мало девојче падна од трети кат, но преживеа благодарение на снегот

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2020
Во рускиот град Томск во саботата 6-годишно девојче паднало од третиот кат на станбена зграда, но поради снегот на тревникот преживеало и не се здобило со потешки повреди.
Несреќата ја снимиле надзорните камери од зградата во близина и видеото станало вирално на социјалните мрежи, затоа што на никого не му се верувало дека девојчето станало и заминало.
Сепак, девојчето, чиј идентитет не е објавен бидејќи е малолетно, ја минало ноќта на прегледи во болница. Подоцна е објавено дека нема скршеници, но дека се забележани полесен потрес на мозок и полесни телесни повреди.
Според наводите на болницата, девојчето ја минало ноќта на интензивна нега, а следниот ден е префрлено на редовно одделение.
На снимката се гледа како девојчето паѓа од својот балкон и силно удира со снегот.
Лежело некое време на тоа место, по што станало, ја прескокнало малата ограда и истрчало кон својата зграда.
На крајот е откриено дека мајката го оставила девојчето само во станот.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ИНДОНЕЗИЈА И ГВAТЕМАЛА: Се бројат жртви

Лекар од Русија тврди дека напролет полесно ќе се борат со коронавирусот

Фајзер ја намалува испораката на вакцини во Европа, немаат доволно произведено

Норвешка предупредува: Вакцините против Ковид-19 се премногу ризични за пациенти над 80 години
ВО ЊУЈОРК ВИСТИНСКА ДРАМА КАКО НА ФИЛМ - дел од автобус виси на надвозник, има и повредени

Високите нивоа на Д3 витаминот придонесува заболувањето од Ковид-19 да биде со полесна клиничка слика

ОПТИМИСТИЧКА ПРОГНОЗА: Руски лекар тврди дека брзо ќе се справиме со пандемијата

Ќе имаме повеќе видови на коронавирусот, затоа немојте да патувате, вели Вилер

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БРИСЕЛ: Се бара правда за смртта на момче со африканско потекло
