(ВИДЕО) МАРСЕЈ Е МЕТА: Се пука со калашникови
Објавено во: Свет 21 Мај, 2018
Напаѓачи во францускиот град Марсеј пукале од три возила во движење кон млади луѓе во близина на културниот центар Лабусеран. Полицијата возвратила по што дошло во престрелка. Има информации за едно повредено лице. Делот на Марсеј, каде се случила престрелката е целосно блокиран.
Локалните медиуми пишуваат дека се работи за тројца напаѓачи. Не се знае уште дали станува збор за терористички напад.
За само еден месец ова е втор напад во Марсеј, по пукањето во центарот на градот, кога пред ресторан беше убиен маж.