(ВИДЕО) МАСАКР НА КРИМ: Тела имаше насекаде
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2018
Пукање и експлозија го потресоа Tехничкиот факултет во градот Керч на Крим при што загинаа најмалку 17 лица, а повредени се околу 70. Студент ја активирал експлозивната направа и почнал да пука со пушка, по што се самоубил. Најголем дел од загинатите се студенти.
Истражниот комитет на Русија објави дека случајот ќе го води како убиство, а не како тероризам како што првично беше соопштено.
Руската војска подготви четири авиони ИЛ-76 на Воздушно-космичките сили за евакуација на ранетите од експлозијата во колеџот.