25 Април, 2024
0.0287

(ВИДЕО) Масовни протести во Србија - граѓаните бараат одговори од Вучиќ

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Србите синоќа протестираа во повеќе градови против власта. 

Во Белград и синоќа имаше нов голем масовен протест против насилието под слоганот „Еден од петте милиони-почнато е“. Ова е шести голем протест. 

Колоната на граѓани која беше долга речиси еден километар се движеше по веќе познатата маршута низ централните белградски улици, од Студентскиот плоштад, булеварот на Кнез Милош до Плоштадот Славија.

На протестот се обратија актерот Бранислав Трифуновиќ и претседателката на невладината организација „Европско движење“ од Косово-Рада Трајковиќ.

Трифуновиќ на собирот ги презентираше досегашните барања на граѓаните, барајќи притоа од надлежните да ги откријат убијците на Оливер Ивановиќ. Тој воедно ги повика граѓаните во среда на 16 јануари, на мирен собир како би одале почит на годишнината на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ. Трајковиќ рече дека претседателот Александар Вучиќ се залага за идејата за разграничување со Косово, но дека таквата идеја претставува нови страдања, убиства и иселувања, против кои се бореше Оливер Ивановиќ.

Според неа, смртта на Оливер Ивановиќ требала да покаже дека заедничкиот живот на Србите и Албанците не е можен, но се покажало спротивното.

Пред зградата на РТС, граѓаните повторно кратко се задржаа во знак на протест против информирањето на РТС. 

Организаторите на протестите ги повторија своите барања за откривање на сторителите на нападите врз новинарите и опозициските личности, како и опозицијата да добие простор во Дневник на РТС и другите медиуми и смена на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Претходните пет саботи без инциденти се одржаа протестни прошетки “Стоп на крвавите кошули” како одговор на нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ во Крушевац, а слоганот „Еден од пет милиони” следеше по коментирањето на првата протестна прошетка, на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека нема да исполни ниедно барање на опозицијата, колку и да излезат на улиците да протестираат, дури ако се соберат и пет милиони луѓе и колку и да долго трајат протести.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци