(ВИДЕО) МАЖ ГО НАПАДНА МАКРОН: Го удри со јајце во главата
Објавено во: Свет 27 Септември, 2021
Маж во францускиот град Лион го удри францускиот претседател Емануел Макрон со јајце во главата, но тоа не се скрши.
Тој беше на посетата на Интернационалниот саем за хотели, угостителство и храна во Лион. Јајцето се одби од главата на францускиот претседател и не се скрши, а напаѓачот извика „Да живее револуцијата“. Мажот облечен во бермуди брзо е совладан, уапсен и изнесен од зградата.
Претходно, за време на патувањето во внатрешноста на Франција на 8 јуни, еден лад човек му удри шлаканица на Макрон. Тој беше осуден на 18 месеци затвор. Во суд кажа дека додека се поздравувал со Макрон, добил идеја да го удри.