(ВИДЕО) Маж му удри тупаница на Сали Бериша, по што си доби ќотек
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2022
Маж му удри тупаница на албанскиот политичар Сали Бериша, а потоа другите го претепаа напаѓачот.
Екс албанскиот претседател Сали Бериша доживеа инцидент. Додека се движеше низ толпата народ, маж му удри тупаница на Бериша, но веднаш потоа, поддржувачи и дел од обезбедувањето му се нафрлија на напаѓачот и почнаа да го маваат. Полицијата го уапси мажот. Потоа претседателот на албанските демократи изјавил дека ништо на светот не може да го победи. Тој протестираше иако во Албанија се одржува самит.