(ВИДЕО) Маж преживеа напад од ајкула
Објавено во: Свет 16 Април, 2018
Ајкула утрово нападнала сурфер во југозападниот дел од Австралија. И покрај сериозните повреди и на двете нозе тој успеал да доплива со брегот.
Се работи за маж на 30-годишна возраст кој сурфал во Грејтаун, кога околу 8 часот изутрина по локално време го нападнала ајкула.
Поради серизните повреди прва помош му е укажана на плажа, а потоа со хеликоптер е пренесен во Перт.
Лекарите изјавија дека сурферот се наоѓа во стабилна состојба.