Видео: Мицкоски против повисоки даноци кои ќе нанесат удар врз економијата
Објавено во: Македонија 31 Март, 2018
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е против зголемување на даноците кои ќе ја влошат состојбата во економијата и ќе придонесат за даночна евазија. Повисоки даноци е цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата, смета Мицкоски.
- Причините за ваквата одлука се едноставни, неспособната Влада на СДСМ и Заев не може да продуцираат вредност и економија која расте, веќе предупредив дека капиталните инвестиции се минимални и се движат само 4 отсто од планираното за првите два месеци, а економијата замира, со тоа се зголемува и дупката во буџетот. Задолжувањата кои ги направија и со кои за само два ипол месеци го задолжија секое семејство за цели 1.200 евра, покачената акциза на нафта не се доволни и сега се удира по граѓаните. Покачените даноци ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата, наместо да се стимулира плаќањето на даноци ќе се стимулира црната економија, средната класа која треба да го плати цехот што владата не умее и не знае како во економијата. Тоа ќе влијае демотивирачки за бизнисот, а е уште една причина многу луѓе да ја напуштат земјата. Оваа влада ветува општество за сите, но во реалноста го подвојува, ветуваа живот, носат сиромаштија, рече Мицкоски во своето видео-обраќање до јавноста.