(ВИДЕО) Момче во Бразил со мачета уби две деца во градинка
Објавено во: Свет 04 Мај, 2021
Момче денеска во Бразил со мачета уби две деца во градинка.
Во градот Саудадес, 18-годишник со мачета уби најмалку две деца и рани негувателка во градинка, пишува Би-би-си. Убиените деца имале по две години. Соседите слушнале пискотници и дошле во градинката, а тинејџерот наводно во тој момент га свртел мачетата кон себе. Тој е уапсен, а поради повредите е пренесен во болница.