(ВИДЕО) На забава десетици повредени откако пропадна под
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2018
Во Јужна Каролина десетици млади се повредени кога пропадна подот на првиот кат на куќата, каде се одржуваше забава.
Во локалните болници се однесени околу 30 повредени, откако средишниот дел на куќата во градот Клемсон, пропадна.
Ниеден од учесниците во забавата нема животно загрозувачки повреди.
„Таман кога тргнав да излезам на врата, почувстував дека нешто чудно се случува и тогаш сите едноставно пропаднаа и типот кој стоеше покрај мене исчезна. Сите врескаа и плачеа. Се вртев наоколу, беше целосно надреално да се гледаат луѓето кои пред малку беа на катот, а сега се во подрумот“, рече 20-годишниот учесник на журката Рејвен Гера.
Полицијата ја истражува причината за инцидентот.