(ВИДЕО) Најнови сателитски снимки од Северна Кореја: Што се работи на полигонот од кој цел свет трепери?
Објавено во: Свет 06 Март, 2019
Според најновите сателитски снимки изледа дека Северна Кореја го обновува полигонот за лансирање на ракета која вети дека ќе ја демонтира.
Фотографиите се снимени само два дена откако челниците на Америка и Северна Кореја ги завршија преговорите за денуклеризација.
Распуштањето на базата е почнато минатата година, но застанало кога тргнаа преговорите помеѓу Трамп и Ким Џонг ун. Самиот чин на демонтажа бил толкуван како чекор кон изградба на доверба меѓу двете влади.
Меѓутоа, најновите сателитски снимки покажуваат како работите се развиваат во спротивна насока, односно дека се гледа значаен напредок во обнова на објектот.