(ВИДЕО) Напад на божиќен базар во Стразбур, има жртва
Објавено во: Свет 11 Декември, 2018
Едно човек загина, а тројца се повредени кога напаѓач пукаше на божиќниот пазар во францускиот град Стразбур.
Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.
Локалните медиуми известуваат дека се испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.
Инцидентот се случува во моменти кога заседава Европскиот парламент, кој е во близина.