(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Демонстранти демолираа цел град, запалија и банка
Објавено во: Свет 17 Март, 2019
Насилни протести на „Жолтите елеци“имаше вчера во Париз, при што се уапсени повеќе од 80 луѓе, а повредени се 11 луѓе.
Меѓу повредените има и двајца пожарикари, а уништени се бројни излози на луксузни продавници и локали. Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец во разбивање на демонстрантите.
Пожар избувнал во банка покрај авенијата Шанзелизе. Пожарникарите спасувале мајка и дете од пожарот.
Французите 18-те викенд по ред протестираат против социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон.
Во Париз беа распоредени околу 5.000 припадници на силите за безбедност, каде што, беше најавен и марш за климатските промени.