(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ СО ЛОШИ ВЕСТИ: Сонцето ќе умре, а се што ќе остане после тоа е ..
Објавено во: Свет 10 Мај, 2018
Научници тврдат дека конечно знаат што ќе се случи кога Сонцето ќе умре.
Веќе некое време експертите се сложуваат дека Сонцето ќе умре за околу 10 милијарди години, но она околу што не можеле да се договорат е како ќе се случи тоа.
Тим астрономи предводен од професорот Алберт Зијлстром од Универзитетот во Манчестер смета дека нашето Сонце ќе заврши во планетарна магла, бидејќи не е доволно големо да експлодира во суперново.
Сонцето , откако ќе го потроши целиот водород ќе се претвори во црвен гигант и ќе се зголеми 250 пати. Со тоа ќе ја уништи Земјата, која во тоа време веќе била ненаселена, тврдат научници. Се ќе остане после тоа ќе биде светлечки прстен на меѓузвездена прашина и гасови.