(ВИДЕО) НЕ ЖАЛАТ И ДА ЗАГИНАТ ЗА ТАТКОВИНАТА: Ерменки се пријавуваат за да војуваат во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2020
Меѓу доброволците во Нагорно - Карабај има и девојки од 17 години, како и жени со бебиња, раскажува млада Ерменка која се бори.
Тие се пријавиле во женскиот баталјон.
„Примена сум! Одам на фронт!", вели девојка која излегува од Министерството за одбрана на Ерменија.
Таа за медиумот не го открива името, затоа што од дома никој не знае дека се пријавила во доброволците да оди во војна. Девојката има само 20 години.
„Зошто сакам да одам? Како да не сакам: Сите сакаат да ја бранат татковината, па сакам и јас. Неколку дена барав можност да одам на првата линија на фронтот. Воениот отсек не ме прими, ме избркаа, па почнав да се распрашувам за други можности. На социјалните мрежи наидов на објава за формирање на женски баталјон и дојдов. Пресреќна сум", вели девојката.
Женскиот баталјон го организира потполковникот на полицијата Марина Ајрумјан.
Вели дека до идејата за баталјон дошла одненадеж, кога и самата одлучила да тргне на фронтот со своите колеги од специјалната полиција, но не ја примиле.
„Тогаш одлучив да направам женски баталјон, се искоординирав со началникот Гриш Саркисјан и Министерството за одбрана. Веќе втор ден запишуваме девојки и жени од 18 до 55 години. Ќе ни биде обезбеден полигон во Ереван, ќе завршиме со обука за неколку дена, а после тоа одиме во Арцах", рекла Ајрумјан.
Обуката ќе биде прилично интересна, бидејќи меѓу веќе пријавените 150 девојки веќе има и такви кои знаат да пукаат, но има и многу неподготвени.
Ангине Исанјанс има 35 години, родена е и пораснала во Иран, со семејството се пресила во Ерменија кога имала 17 години. Таа има малку искуство, затоа што неколку години, бидејќи неколку години била меѓу извидниците.
Судирите почнаа на 27 септември. Двете држави се обинуваа за тоа кој го прекршил примирјето.