(ВИДЕО) Неколку торнада во Америка убија луѓе и уништија се пред себе
Објавено во: Свет 18 Мај, 2017
Во неколку торнада, во повеќе сојузни американски држави загинале најмалку две лица, а десетици се повредени.
Во Висконсин, на околу 178 километри од Минеаполис, загинал еден 46-годишен маж, објави агенцијата АП.
Торнадо уништил поголем број на камп приколки во Висконсин, а голема материјална штета e предизвикана во државата Оклахома. Од невремето се погодени и сојузните држави Канзас и Небраска.
Најпогоден од налетите на торнадото е градот Елк Сити во Оклахома, каде загинал еден 53-годишен маж.
Во овој град се уништени 40 куќи, додека околу 70 се оштетени. Илјадници луѓе во Небраска се без напојување со електрична енергија.