(ВИДЕО) НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ: Aмериканското воено воздухопловство фрли 40 тони бомби на овој остров
Објавено во: Свет 11 Септември, 2019
Американците бомбардираа остров на реката Тигар во Ирак каде имало џихадисти.
Воено воздухопловство на САД го бомбардираше Канус, упориште на организацијата „Исламска држава“. На ова место фрлени се скоро 40 тони ласерски наведувани бомби.
Првичните информации говорат дека нема преживеани. Воздушните снимки покажуваат повеќе експлозии додека бомби паѓаа врз островот Канус проследени со огромни облаци во форма на печурки над реката Тигар.
Канус е близу оперативната база на САД во Кајајара.