(ВИДЕО) НЕОБИЧНО ИНТЕРВЈУ: Додик на сите прашања даваше ист одговор
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2020
Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и претседателот на СНСД, Милорад Додик, имаше едно необично интервју на Н1.
Тој со иста реченица одговори на многу прашања.
На прашањето како го коментира фактот дека тој „ја загуби Бања Лука“, тој одговори: „Победивме во 45 општини во БиХ, 42 општини во РС, победивме во пет градови во РС“.
После тоа, водителката продолжи со други прашања, но Додик секогаш одговараше со иста реченица.