(ВИДЕО) НЕСОВЕСЕН ПАТНИК ВО САД: Запалил цигара во авион
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2019
Еден патник во авион ги шокира сите кои патуваа во авионот со него, бидејќи запалил цигара за време на
летот. Човекот патувал до Минесота со авион на „Spirit Airlines“ кога решил да запали
цигара, објавија медиумите од регионот.
Жената којашто седела до неговото седиште го снимила со својот телефон.
На видео сниката се гледа како човекот
си ја запалува цигарата цигарата седејќи на седиштето. Човекот кој седи спроти него,
гледа во несовесниот патник прашувајќи се, дали му е јасно дека постапувајќи вака го
прекршува законот. Истиот човек го
притиска копчето за да повика стјуардеса.
Член од екипажот му се приближил на пушачот и го допрел
по рамо, кажувајќи му: „Не можете да пушите на авион. Тоа е против законот, го
знаеш тоа?“
Патникот вели: „О, мој Боже“, и се фаќа за глава
додека членот на екипажот ја гасне
цигарата. Потоа му е побарано да ја положи картата за летот
По слетувањето на авионот несовесниот патник бил прв симнат од авионот и истиот бил пречекан од полиција на аеродромот.