(ВИДЕО) НЕСОВЕСНИ ГРАЃАНИ ИЛИ ТУРИСТИ: Куп електрични тротинети извадени од морето кај Солун
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2020
Батериите од електричните тротинети имаат најопасни хемикалии и се најлошиот отпад за водите.
Сепак, изгледа ова не ги засегало несовесните граѓани и туристи кои решиле електричните тротинети изнајмени за прошетка да ги фрлат во морето.
Да, убаво прочитавте.
Дваесеттина такви превозни средства се извлечени од специјалните нуркачи во акцијата за чистење на морето околу Солун, додека во првата фаза тој број изнесувал двапати повеќе.
Мотори, велосипеди и куфери се меѓудругите работи извлечени од морето, а надлежните задолжени за животна средина се во потрага по оние кои ја предизвикуваат еколошката катастрофа во морето.
Фото: makthes.gr