(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град и 2.000 удари на гром во една балканска земја
Објавено во: Балкан 11 Март, 2019
Делови од Хрватска ги погоди невреме, проследено со силен ветер и врнежи од град.
Податоците на метеоролошките станици, говорат дека регистрирани се и повеќе од 2.000 громови, а температурата се спуштила до 0 степени.
Денешните прогнози покажуваат дека во Хрватска покрај намалувањето на температурата дождот постепено ќе преминува во снег, а на брегот е вклучен дури и црвен метеоаларм.
Во Горски котор дождот преминал во снег и создал снежна покривка.