(ВИДЕО) Невреме во Западна Србија - паѓаше град и дожд
Објавено во: Балкан 13 Август, 2017
Силно невреме со град вчера ја зафати Србија.
Градот направил големи штети на земјоделските култури, а бил со големина на грашок.
Според српските медиуми, по големото невреме во Чачак имало и два пожари, а сообраќајот низ погодените делови се одвивал отежнато. Улиците во Чачак биле поплавени.
Невремето го зафатило и Горњи Милановац. Времето изгледало како да е зима.