(ВИДЕО) Невремето кое ја погоди Турција однесе 6 жртви
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2021
Силното невреме кое вчера ја зафати Турција, однесе 6 жртви, а има и 44 повредени.
Стотици автомобили и куќи се оштетени од силниот ветер. Наставата денеска беше прекината во Истанбул, Бурса, Коџаели, Чанаккале, Сакарија, Текирдаг, Баликесир, Јалова, Синоп, Дузче и Бартин. Невремето во Истанбул го парализираше јавниот превоз. Откажани се брзите фериботи и поморски автобуси. Според прогнозата, невремето денеска завршува.