(ФОТО) Невремето затвори позната плажа во Преспа, не се знае кога повторно ќе проработи
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019
Невремето кое го зафати југозападниот дел од земјава вчера ја затвори
плажата во Долно Дупени.
На својот фејсбук профил тие пишуваат дека големото невреме го разорало Дупени. Следните 4-5 дена нема да работеле затоа што ќе мора да оспособат барем дел од плажата за повторно користење.
Струја вчера немало на плажата, многу електрични столбови биле искинати, неколку дрвја откорнати.
Тие пишуваат и дека има материјална штета на околните куќи, дел од нив биле откриени, а ќерамидите биле паднати на сите страни.Инаку, бурата ја зафати Преспа, но и дел од Охридското езеро, најголемите штети според неофицијални извори се во Љубаниште.
Фото Фејсбук