(ВИДЕО) НУКЛЕАРЕН РИЗИK: Путин трупа војска на граница со најопасниот сосед на Русија
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Претседателот на Русија, Владимир Путин наводно нарачал зајакнување на војската на границата со Северна Кореја.
Медиумите пишуваат дека се зајакнуваат човечките ресурси и воена опрема на границата со оваа изолирана држава.
На видео снимка која ја објави еден руски медиум се гледа како воз натоварен со оружје се движи по должина од 16 км на границата со Северна Кореја.
Границите на Русија се протегаат на повеќе од 20.000 км.
На друга снимка се гледаат борбени хеликоптери кои летаат кон границата.
Властите велат дека ова е само превентива и дека сите соседни земји на Северна Кореја го прават истото, затоа што земјата неколку пати ги кршела договорите.
Овој потег следи откако се развија тензии на релација САД-Северна Кореја и со остатокот од светот.