Од хрватското собрание заминала во Ирска и не жали
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2018
Јасмина Бариќ(35) од Загреб е една од многуте Хрвати кои заминале во Ирска.
Таа работела во собранието, вели дека сфатила како работите функционираат, веќе пет месеци е во Ирска и не жали за својата одлука.
„Бев секретарка од 1 ноември 2016 до 1 декември 2017 година. Сите мислеа дека не сум одлучна кога реков дека ќе си одам. Иако оваа идеја во мене тлееше, таа е донесена многу брзо. Имав колешка која отиде на Исланд и таа кога замина, си реков одам и јас. Отидов во Ирска, и за овие пет месеци ниту еднаш не се покајав“- вели Бариќ.
Девојката сега работи во ресторан за брза храна во Даблин и е задоволна.