(ВИДЕО) ОД ОВА ЛАЗАТ МОРНИЦИ: Бебе ползеше по фреквентна улица
Објавено во: Свет 22 Март, 2018
Се појави видео од Виетнам каде бебе поминува на фреквентна улица.
На видеото се гледа возач од камион кој стои на патот и со раката од кабината, се обидува да ги предупреди другите возачи да застанат.
Детето е спасено поради совесните возачи, но на моменти ситуацијата изгледаше драматично.
Не е познато како детето се нашло на улица, но на средина на видеото се гледа жена која преминува преку оградата, го зема бебето во раце и си заминува.