(ВИДЕО) ОДБЛИЗУ: Погледнете како чука срцето
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Научниците од германскиот Институт Макс Планк направија нешто интересно.
Имено, тие со помош на магнетна резонанца, направија неколку снимки кои првпат прикажуваат како одредени биолошки процеси изгледаат „одвнатре“.
На каналот на Институтот на ЈуТјуб се поставени три снимки – говор, пеење и работа на срцето. Настанаа благодарение на новата технологија на магнетна резонанца која создава подвижни слики во реално време.
Еден од пионерите на магнетната резонанца Јенс Фрам, професор на германскиот Институт за биофизичка хемија Макс Планк, го разви систеот FLASH2 – кој користи математички процеси за реконструкција на сконовите и подвижните слики.
Таа техника значително го забрзала МРИ скенирањето и овозможи прикажување до 100 сликички во секунда, наведуваат од институтот.
-За прв пат е возможно да се набљудуваат заедничките движења, процесот на голтање или отчукувањето на срцето тогаш кога и се одвиваат извлекувајќи заклучоци за тоа зошто коленото боли кога се витка, објаснуваат научниците.
-Сега можеме да ги визуелизираме процесите кои досега не сме ги виделе, велипрофесорот Фрам.