(ВИДЕО) Ова е сликата на Будва по невремето
Објавено во: Балкан 19 Март, 2018
Морето се повлекло, а зад себе оставило пустош во Будва по невремето.
Сите раположиви екипи и механизација на Комуналното претпријатие започнале со акција за чистење после силното невреме кое вчера ја погоди Будва и скоро го потопи Стар Град.
Надлежните служби и мештаните на Будва со 500 вреќи песок успеале да го „одбранат“ Стар Град. Началникот на службата за заштита и спасување, Драган Божовиќ рекол дека припадниците на итните служби во текот на ноќта немале ниту една интервенција.