(ВИДЕО) ОВОЈ ГРАД ЌЕ ИСЧЕЗНЕ: Го „голта“ земја
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Пред 12 години во градот Березник се појави кратер длабок 700 метри, а сега тоа е вообичаена појава.
Граѓаните се во постојан страв. Автомобилите им пропаѓаат во огромни кратери што се појавуваат на патот, дупки има и на железницата, а жителите се плашат дека во подземјето на рудникот ќе исчезнат и зградите. Некои од дупките достигнуваат големина и од неколку фудбалски игралишта.
Пред повеќе од 140 години над рудникот за сол е изграден рускиот град Березник. Рудникот се ширел и станал еден од најголемите во светот.
Градот има 150 000 жители од кои повеќето се решени да си заминат. Властите ги смируваат и велат дека земјиштето се стабилизира.