(ВИДЕО) Паѓаше град со големина на портокал, меѓу повредените има и трудница
Објавено во: Свет 10 Јули, 2019
Топки град големи колку портокал паѓаа во Италија и направија хаос.
18 лица се повредени помеѓу кои и една бремена жена во невреме проследено со град со големина на портокал, кој денес го зафати италијанскиот град Пескара.
Повредените се префрлени во болница, а бремената жена се здобила со повреди на лицето и главата.
По силното невреме улиците се претворени во реки.
Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.
„Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија“, изјави метеорологот Тајлер Роуз.
Утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.