(ВИДЕО) Папата повика верниците да се молат за Македонија
Објавено во: Македонија, Свет 01 Мај, 2017
Последните немили настани во Македонија во кои беа повредени пратеници, полицајци, граѓани и новинари, го загржија и папата Францис.
Тој на вчерашната миса ја спомна и Република Македонија и повика на молитва за Македонија. Папата рече дека многу земји се соочуваат со тешкотии, а меѓу нив е и Македонија. Во својот говор додаде дека луѓето страдаат поради социјални и политички проблеми. Тој ја спомена и Венецуела, и повика да се молат верниците за оние кои страдаат. Во видеото можете да видите дека папата Францис ја споменува Македонија.