(ВИДЕО) ПЕКОЛ БЕЗ КРАЈ: Нова ерупција на вулканот во Хаваи исфрлила пепел висок 10 000 метри
Објавено во: Свет 26 Мај, 2018
Претставници истакнуваат дека На Големиот остров на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулакнот Килауеа, кој исфрла пепел три километри во височина.
Освен тоа, ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите создала облак од чад и пепел висок скоро 10 000 метри
Жителите во областа југозападно од вулканот се предупредени дека ветарот би можел да го однесе пепелот во нивен правец, наведува АП.
Експерт од американскиот Геолошки институт Мајк Поланд рекол дека на вулканот доаѓа до помали експлозивни ерупции на пепел.
Скоро 50 згради, меѓу кои и десетина куќи се уништени од почетокот на ерупцијата од 3 мај.
Лавата и понатаму се излева од пукнатините на земјата во подрајчето на Лејлан Естејтс, кое е евакуирано пред три недели и своите домови ги напуштиле околу 2000 луѓе.