23 Април, 2024
0.0305

(Видео) Пендаровски: Ќе именувам професионални кадри во армијата

Објавено во: Македонија 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, еден од кандидатите за претседател на државата, рече дека како потенцијален Врховен командант на вооружените сили приоритет ќе му биде да ги подобри условите под кои работат припадниците на македонската армија.

„Денеска сакам да ги претставам моите заложби и проекти како иден врховен командант на македонската Армија. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Македонските војници се нашата гордост, тие се најзаслужни за успесите во меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО.

Затоа, во мојот мандат врвен приоритет ќе биде модернизација на Армијата како и обезбедување на европски услови за македонските војници.

Како иден врховен командант, моја цел ќе биде континуирано зголемување на буџетот за Армијата и обезбедување НАТО стандарди за нашите војници. Ова ќе значи добри услови за нив за гордо и достоинствено да ја бранат нашата татковина. Процесите за модернизација се веќе започнати и јас во соработка со Министерството за Одбрана силно ќе ги поддржам и забрзам. Посебен фокус ќе ставам на проектите и реформите кои се однесуваат на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на армијата по нивното пензионирање од активна служба во армијата“, истакна кандидатот за шеф на државата.

Пендаровски рече дека како претседател на Македонија еден од приоритетите ќе му биде и именувањето на најдобрите кадри во македонската армија.

„Второ, како врховен командант особено внимание ќе посветам на именување на искусни и квалитетни кадри на позициите од суштинско значење за безбедноста на земјата. Ова е исклучително важно и на овие позиции ни требаат најдобрите професионалци со кои располагаме. При именувањето на Началникот на Генералштабот и Генералите во армијата секогаш ќе се водам од нивните професионални достигнувања. Само вака ќе обезбедиме професионална армија и почит од нашите сојузници“, рече тој.

Наведе дека нема да дозволи Агенцијата за разузнавање, во која има надлежности самиот претседател на државата, да биде партиски злоупотребена.

„Во рамките на моите овластувања во агенцијата за разузнавање, активно ќе учествувам во реформата на безбедносниот систем на нашата држава, согласно со стандардите на најразвиените демократски земји. Обезбедување на ефикасни и независни системите за безбедност мора да бидат врвен приоритет на Владата и на Претседателот. Никогаш повеќе нема да дозволам делови од Агенцијата за разузнавање односно нејзини делови да бидат злоупотребени како што тоа беше случај во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна кандидатот за претседател

Пендаровски најави и повторно враќање на запоставениот институт - Совет за безбедност.

„И трето, Советот за безбедност важно тело кое досега беше целосно занемарено до актуелниот претседател, ќе го свикувам редовно и во него ќе членуваат реномирани експерти од областа на безбедноста, но и претставници на власта и опозицијата. Националната безбедност не е и не смее да биде жртва на тесните партиски интереси и политичките интереси на поединци“, најави тој.


Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор