(ВИДЕО) Пет лава ја изгризаа оградата и побегнаа од Зоолошка градина
Објавено во: Свет 01 Декември, 2022
Лавови во Сиднеј во Австралија ја изгризале оградата и побегнале.
Пет лава ја изглодале оградата од куќата и се вовлекле под неа, по што излегле наџвор. Зоолошката градина прогласи тревога од прв степен. Вработените и посетителите на зоолошката градина се криеле и чекале лавовите да се вратат во заградениот простор.
Зоолошката градина „Таронга“ објави видео на кое се гледа бегството на лавовите. За случајот е отворена истрага.