(ВИДЕО) ПЕТАРДИ, ТРУБИ, ПРОСЛАВИ НА УЛИЦИТЕ: Косово добива вооружени сили
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2018
Во Собранието на Косово се усвоени два нацрт закони кои овозможуваат трансформација на Косовските сили за безбедност. На седницата присуствуваат и неколку идни „војници“.
Првиот закон кој е усвоен е нацрт закон за трансформација на КСВ во Министерство за одбрана. а другиот е нацрт закон за трансформација во вооружени сили.
Во 11,20 ч е усвоен и последниот, трет нацер закон со кој и официјално формално-правно е завршена процедурата на косовски вооружени сили.
Како што пренесоа регионални медиум, нацрт законите се усвоени по брза постапка и едногласно.
Видеото може да го видите тука.