(ВИДЕО) ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ВОЗИЛА: Луѓето му избегаа во последен момент
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2018
Пијан возач направил сообраќајна несреќа во српскиот град Нови Сад кога со автомобил се забил во паркирани возила.
Инцидентот се случил во населбата Мишелук.
Два автомобили се оштетени, а медиумите пишуваат дека е чудо што никој не е повреден.
Снимката од несреќата на која се гледа како луѓе во последен момент успеваат да го избегнат возилото кое брза кон нив е објавена на социјалните мрежи.
Возачот имал 1,4 промили алкохол во крвта по што е уапсен.