(ВИДЕО) По Бејрут, експлозија и пожар и во Емиратите
Објавено во: Свет 05 Август, 2020
По Бејрут, експлозија се случи во и Емиратите.
Пожар вечерва избил на пазар во емиратот Аџман во Обединетите Арапски Емирати, пренесуваат весниците Нешенел и Галф Тајмс.
Над пазарот има огромен облак црн чад. Неколку противпожарни возила се наоѓаат на терен. Пожарникарите се обидуваат да ја совладаат огнената стихија и да спречат катастрофа од поголеми размери.
Од цивилната заштита на градот апелираат да се избегнува таа област и да се изнајдат алтернативни патишта за движење.
Либан прогласи вонредна состојба за градот Бејрут по катастрофалната експлозија вчера во пристаништето во која загинаа над сто луѓе, а беа повредени неколку илјади.