(ВИДЕО) По инцидентот Груевски - Џафери девојка пее песна „Талат Џафери – жива легенда“
Објавено во: Македонија 18 Март, 2018
Извесна Линда Морина пее песна во која вели дека собранискиот спикер Талат Џафери е „живата легенда“.
Според снимката која што се појави на социјалните мрежи, Морина пее за „средбата“ на Талат Џафери со Никола Груевски за време на изгласувањето на Законот за јазици минатата недела.
„Талат Џафери – жива легенда“, е насловот на песната.
Песната има скоро 35.000 прегледи.