(ВИДЕО) ПО ИЗГЛАСАНИОТ ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ АХМЕТИ ИМ КАЖА „УРИМЕ“ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
Објавено во: Македонија 14 Март, 2018
Како што информиравме законот за јазици денес попладне е донесен.Законот за јазиците е донесен со 64 гласа.
Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ бурно реагираа и му се нафрлија на собранискиот спикер а лидерот на ДУИ и коалиционен партнер во Владата на Заев по донесениот закон извикуваше „Уриме, уриме“ или Честитки, честитки .
Тој се ракуваше со сопартијците а му кажа „Уриме“ и на најстариот меѓу пратениците од редовите на ДУИ Бранко Манојловски.